сабота, 27 јули 2024

Полски генерал: Во Белорусија ќе се случи оружен бунт, мораме да бидеме спремни

Објавено на

часот

Сподели

Според украинскиот генерал, ако украинската офанзива не успее, вооружените Белоруси кои сега се борат на страната  на Киев би можеле да се обидат да го урнат режимот на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

„Да се подготвиме за востание во Белорусија, бидејќи ќе се случи. Работата е што не можеме да го пропуштиме овој момент. Мораме да бидеме спремни да ги поддржиме оние трупи кои ќе ја извршат операцијата против Лукашенко. Имаме причина да им помогнеме, како што им помагаме на Украинците“, кажа Скжипчак.

Полскиот генерал верува дека дел од белорускиот народ ќе ги поддржи платениците кои сега се борат во Украина и дека „со ентузијазам ќе тргнат против Лукашенко“.

„Тој повеќе нема воен капацитет да спречи такво востание. Русија нема многу да му помогне, бидејќи ќе има свои проблеми“, додаде тој, повикувајќи ги полските власти да се подготват за масовно прелевање на Белоруси во Полска во случај на немири.

Лукашенко вчера се појави во јавноста и ги отфрли тврдењата дека има нарушено здравје. Во снимката која ја пренесоа државните медиуми 68-годишниот белоруски претседател порача: „Нема да умрам, луѓе“.

Тој е еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин. Кажа дека бил заразен со аденовирус, што е вирус на обична настинка.

Лукашенко не се појавуваше во јавноста од Парадата на победата во Москва на 9 мај. Кажа дека, иако за опоравување од таков вирус се потребни неколку дена, дека бил премногу зафатен за да се појави во јавност.

„Нема да умрам, луѓе. Ќе мора да е борите со мене уште многу долго“, кажа Лукашенко, кој владее со Белорусија од 1994 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ