сабота, 27 јули 2024

Полската војска нуди летни кампови за воена обука

Полската војска ја проширува програмата за доброволна воена обука на граѓаните и воведува летни кампови, обидувајќи се да регрутира хонорарни војници во обид да ја зајакне одбраната по почетокот на конфликтот во соседна Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова лето за првпат почнува програма наречена Одмор со војската, објави полското министерство за одбрана.

Мажи и жени од 18 до 35 години кои имаат полско државјанство можат да се пријават за основна воена обука од 27 дена во една од 70 воени бази за што ќе добијат хонорар од 1.520 долари.

Понудата е пред сè наменета за матурантите, но и студентите и лицата кои бараат работа за време на празниците, се наведува во објавата на министерството, и се додава дека „воената служба може да стане алтернатива за некоја сезонска работа“.

Обуката ќе се состои од вежби на гаѓање, ориентација на терен, вежби на блиска борба, ракување со радиотехника и воени возила.

Граѓаните кои ќе ја завршат програмата можат да се одлучат да станат професионални војници или резервисти или припадници на доброволните единици на територијалната одбрана.

Понудата е дел од проширувањето на еднодневните граѓански курсеви кои се организираат од 2022 година наречени „Тренирај со војската“ и се многу популарни.

Полска е еден од најголемите снабдувачи со оружје на Украина и забрзано се вооружува.

Според податоците на министерството за одбрана, во полските оружени сили во моментов има 191.500 мажи и жени, број кој би требало да порасне на 300.000.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ