сабота, 27 јули 2024

Полска за тетовската библиотека донираше 50 книги преведени на македонски јазик

Љубителите на пишаниот збор во иднина во тетовската библиотека ќе може да најдат 50 книги преведени на македонски јазик од полски автори. Книгите се донација од Амбасадата на Полска во Скопје, како дел од проектот „Полска полица-книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки“.

Објавено на

часот

Сподели

Во посета на Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово вчера беше амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик.

Донирањето книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки, е со цел популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. Координатор на проектот е сопругата на амбасадорот, Јоланта Гжелчик, информираа од библиотеката.

Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ