сабота, 27 јули 2024

Полска тврди дека за две години ќе ја има најсилната војска во Европа

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе ја направиме најсилната копнена војска во Европа. На добар пат сме да го направиме тоа. Потребни ни се уште две години“, кажа Блашчак за државното полско радио.

Министерот за одбрана потсети дека оваа година Варшава ќе ги замени советските авиони МиГ-29 со корејски борбени авиони ФА-50, а во соработка со САД во Полска во моментов се разместени и американски авиони Ф-22 „раптор“. Полска купува и американски авиони Ф-35.

„Пилотите на Ф-22 вежбаат со нашите пилоти на авиони Ф-16. Нашите пилоти се спремаат уште следната година да летаат на авиони Ф-35. Наскоро на полската војска ќе ѝ стигнат и американски тенкови „Абрамс“ во 18-та механизирана дивизија која одговара за безбедноста на источните делови на нашата земја“, кажа полскиот министер.

Блашчак го истакна значењето на американското воено присуство во Полска, во која во моментов по систем на ротации се сместени околу 10.000 американски војници, а во логистичките центри се преместуваат и воена опрема и оружје за во случај на потреба да биде поблиску.

„Имаме гарнизон на САД во Познањ, таму е командата на Петтиот корпус на копнената војска на американската армија“, кажа Блашчак.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки кој престојува од вторникот во тридневна посета на САД најави по разговорот со потпретседателката на САД Камала Харис нови американски инвестиции во воената индустрија во Полска.

„Блиските односи со САД се најдобрата вакцина против рускиот империјализам. Драго ни е што Белата куќа одлично ги разбира ризиците кои со себе ги носи руската инвазија. Знам дека ќе има понатамошни американски вложувања во вооружувањето“, кажа Моравјецки.

Тој истакна дека елемент на јакнењето на безбедноста на Полска не е само сè поголемото американско воено присуство туку и поголемите американски вложувања во полското стопанство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ