сабота, 27 јули 2024

Полска работи на зајакнување на својата источна граница со Русија и Белорусија

Министерот за одбрана на Полска, Владислав Косиниак-Камиш, и началникот на Генералштабот, Вјеслав Кукула, ги презентираа плановите за утврдување и зајакнување на источната граница со Белорусија, нагласувајќи дека земјата е предмет на непријателски дејствија на Русија и Белорусија преку сајбер-напади и нелегално испраќање мигранти преку границите, што го опишуваат како намера и за дестабилизација на ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

Владата на премиерот Доналд Туск планираше серија сајбер-безбедносни мерки, како и околу 2,5 милијарди долари инвестиции во безбедноста на источната граница, позната како „Источен штит“.

Минатата недела беше објавено дека е почната работата на штитот, кој вклучува современи блокади, утврдувања и надзор со цел да се одврати секој потенцијален агресор.

Полското Министерство за одбрана објави дека системот ќе биде дел од регионалната одбранбена инфраструктура изградена заедно со балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија, кои се на источното крило на НАТО.

Источниот штит „значително ќе ја зајакне отпорноста на земјата кон воените закани од исток, ќе ја ограничи мобилноста на непријателските трупи, а на нашите сопствени трупи и на цивилите ќе им понуди поголема слобода на дејствување и опстанок“, се вели во соопштението на Министерството.

Претходната полска десничарска влада изгради ѕид од 400 милиони долари на границата со Белорусија за да го спречи огромниот прилив на мигранти, кои почнаа да пристигнуваат од таа насока во 2021 година, додека сегашната проевропска влада укажува дека таа граница треба да се зајакне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ