петок, 26 јули 2024

Полска: На Путин треба да му се одговори на јазик што го разбира. Дајте ѝ на Украина ракети со долг дострел

Новиот шеф на полската дипломатија денеска го повика Западот да ја опреми Украина со ракети со долг дострел што ќе ѝ овозможат да одговори на масовните руски напади „на јазик што Путин го разбира“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија вчера изврши нови масовни воздушни напади во Украина, при што загинаа најмалку пет цивили, а беа ранети 130 лица главно во Киев и Харков, според украинските власти кои продолжуваат да бараат од западните сојузници зголемена воена помош.

„Треба да одговориме на последниот напад врз Украина на јазик што (рускиот претседател Владимир) Путин го разбира: со зајакнување на санкциите за да го спречиме да произведува ново оружје со шверцувани компоненти и со давање на Киев проектили со долг дострел што ќе му овозможат да уништи руски лансирни места и командни центри“, напиша Радослав Сикорски на Икс, поранешен Твитер.

Полска е еден од главните поддржувачи на Украина во Европа, и покрај разладувањата во последните месеци поради трговски спорови. На функцијата од средината на декември, во рамки на новата проевропска полска влада, Сикорски отиде на своето прво патување во странство непосредно пред Божиќ кај својот украински сојузник за да го информира за континуираната поддршка на Полска против Москва.

Во таа прилика тој ги повика Европската унија и САД да ја „мобилизираат“ својата економија и средствата за производство за да ја вооружат Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ