сабота, 19 октомври 2024

Полска конфискуваше зграда на руско училиште во Варшава

Објавено на

часот

Сподели

„Од денеска зградата е во сопственост на градските власти“, рече портпаролот на министерството Лукаш Јасина, истакнувајќи дека станува збор за запленување. Русија веднаш го осуди овој „незаконски чин“ на полските власти и вети дека ќе одговори соодветно.

„Тоа е незаконски чин и напад на дипломатски локалитет и како таков претставува кршење на Виенската повелба за дипломатски односи“, изјави рускиот амбасадор во Варшава Сергеј Андреев, додавајќи дека Русија ќе одговори „според принципот на реципроцитет“.

Полицијата се огради со изјава дека само присуствувала на постапката за запленување.

Градските власти на Варшава пред една година конфискуваа руска дипломатска зграда која ја прогласија за „гнездо на шпиони“. Овој случај е предмет на правен спор меѓу Русија и Полска, кои ја понудија зградата на Украина.

Станува збор за десеткатница од 1970-тите, која ја користеле советските дипломати, а подоцна станала руска амбасада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ