четврток, 23 мај 2024

Полска ја исклучи можноста со својата противвоздушна одбрана да го штити западот на Украина

Полското министерство за одбрана ја отфрли идејата на Украина полски противвоздушни системи, вклучувајќи ги противракетните системи „патриот“ кои ги има Полска, да го штитат воздушниот простор и западот на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во согласност со важечкиот став на НАТО и Полска не е можно непосредно да се ангажираме во оружениот конфликт на територијата на Украина. Опфаќање на дел од Украина со сојузничката одбрана би барало политички договори во НАТО кои сигурно не би биле едноставни“, одговори полското министерство за одбрана на прашањето на полскиот весник Жечпосполита.

Помошникот министер за одбрана Цезари Томчик, за приватното радио ЗЕТ кажа дека Полска не може да ги отстапи своите батерии „патриот“ бидејќи „тие се разместени да ја штитат Варшава“.

„Имајќи ги предвид нашите способности за противвоздушна одбрана, а ние сме исто така загрозени, не сме во состојба да ги дадеме капацитетите кои ги имаме малку“, кажа друг помошник во министерството за одбрана, Павел Залевски.

Иако полската влада не сака ни да слушне да преземе чекори кои би можеле да значат вовлекување во конфликтот на Русија и Украина, граѓаните се за тоа Полска да ѝ помогне на Украина со тоа што од своја територија, на границата, би ги соборувала руските ракети и дронови во западните области на Украина.

Дури 69,3 отсто од Полјаците во февруарска анкета на агенцијата ИБРИС се сложуваат на тој начин да ѝ се помогне на Украина, против се 17,6 отсто од анкетираните, а 13,1 отсто не знаат како да се изјаснат.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба неодамна кажа дека властите во Киев нашле околу 100 батерии на американскиот противвоздушен систем „патриот“ во разни земји, но дека ниедна земја која ги поседува не сака да ѝ ги позајми на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ