вторник, 18 јуни 2024

Полска им го ограничи движењето на руските дипломати

Полска одлучи да го ограничи движењето на руските дипломати поради „вмешаноста на Москва во хибридна војна“ против таа земја, изјави за новинарите во Брисел министерот за надворешни работи Радослав Сикорски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ограничувањата ќе ги погодат сите дипломати и другиот персонал на амбасадата во Варшава, освен амбасадорот.

Тие ќе можат да се движат само во централното војводство, како што изјави министерот, а конзулите само во провинциите каде што се на должност.

Посочувајќи дека Полска не е првата земја што воведува вакви ограничувања, Сикорски рече дека се надева дека „другите ќе го следат нашиот пример“.

Рускиот амбасадор Сергеј Андреев изјави дека сѐ уште не е официјално информиран, пренесува руската новинска агенција РИА новости.

Полска неодамна соопшти дека уапсила неколку лица осомничени за саботажа во корист на руските разузнавачки служби, обвинети за тепање и подметнување пожари.

„Има и други осомничени. Се надеваме дека Руската Федерација ќе го сфати ова (ограничување) како знак на многу сериозен аларм“, рече Сикорски.

Во средината на мај премиерот Доналд Туск најави зајакнување на полските разузнавачки служби поради активностите на Москва за дестабилизација на Полска, а потоа потврди дека неколку чинови на саботажа биле спречени „благодарение на будноста на нашите служби и нашите сојузници“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ