сабота, 19 октомври 2024

Полска и Чешка повторно воведуваат гранични контроли со Словачка

Полска од полноќ ќе воспостави привремени контроли на границата со Словачка, изјави денеска полскиот министер за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Од денеска на полноќ ги враќаме привремените гранични контроли на границата со Словачка. Ќе провериме што влегува во Полска“, изјави министерот Мариуш Камински и додаде дека мерката ќе се спроведе во период од 10 дена, пренесува Ројтерс.

Чешката Република од среда ќе воведе и привремени гранични контроли на границата со Словачка, заради запирање на илегалните миграциски текови и шверцерски активности, најави денеска чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан.

Случајни проверки по должината на границата со Словачка ќе се вршат до 13 октомври, со можност за продолжување на оваа мерка, објави Ракушан на својот профил Х (Твитер) и додаде дека овој чекор е преземен во координација со Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ