сабота, 27 јули 2024

Полска ги укинува патарините на државните автопатишта

Објавено на

часот

Сподели

„Ние изградивме автопатишта првенствено за да им служат на луѓето, а не да бидат машина за правење пари“, рече премиерот Матеуш Моравјецки.

„Отворените порти (патарините) најдобро ќе ја симболизираат нашата политика“, рече Моравјецки, пренесува Jуроњуз.

Со новата мерка, подготвена од министерствата за инфраструктура и финансии, ќе се овозможи да се прекине наплатата на патарините на државните автопатишта.

Министерот за инфраструктура Анджеј Адамчик рече дека мерката се однесува на автопатиштата кои се веќе во употреба и каде има наплата.

„Целта на законот е да се укинат патарините на автопатиштата за возила до 3,5 тони на делниците со кои управува Генералниот директорат за внатрешни патишта и автопатишта“, рече Адамчик.

Тој додаде дека Владата ќе започне преговори за укинување на патарините на приватните делници од автопатиштата, додавајќи дека се надева дека тоа ќе се постигне во рок од една година, пренесува полскиот портал Фрст њуз.

Министерот за агенцијата ПАП изјави дека со укинувањето на патарините дел од сообраќајот ќе се пренасочи од алтернативните рути кои возачите ги избираат поради наплатата на автопатиштата и со тоа ќе придонесе за безбедноста на патиштата.

„Нивото на безбедност на националните и локалните државни патишта во близина на автопатиштата ќе се зголеми и ќе заштедиме на одржување“, рече Адамчик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ