Полска најави дека на 16 март ќе ги испрати во Киев авионите што нејзината војска ги ставила надвор од употреба. „Имаме десетина мигови што ги добивме во 90-тите од Германската Демократска Република“, изјави тогаш полскиот претседател Анджеј Дуда.
„Тие се функционални и учествуваат во одбраната на нашиот воздушен простор. Тие се на крајот од својот оперативен век, но сѐ уште се функционални. Ќе ги замениме со испораки на јужнокорејски ФА-50 и американски Ф-35“, додаде тој.
Украина веќе некое време бара од западните сојузници борбени авиони. Досега на тој повик се одзваа само Полска и Словачка.