сабота, 27 јули 2024

Половина милион потписи за поддршка на номинацијата на Путин за претседателските избори

Низ Русија се собрани повеќе од половина милион потписи за поддршка на номинацијата на актуелниот претседател Владимир Путин за претседателските избори во март 2024 година, соопшти денеска прес-службата на изборниот штаб на Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првата серија потписи за поддршка на номинацијата на актуелниот шеф на државата за новиот претседателски мандат ја донеле активисти од Подмосковската област во изборниот штаб на Путин, пренесува РИА Новости.

Според законот, независен кандидат мора да собере најмалку 300.000 потписи за поддршка, а од секоја административна единица на Руската Федерација мора да добие писмена поддршка од најмалку 7,5 илјади луѓе кои живеат во таа област.

Потписите треба да се достават до Централната изборна комисија до 31 јануари, по што ќе бидат верификувани и прегледани сите останати документи, а во рок од десет дена ќе се донесе одлука дали кандидатот официјално ќе биде пријавен за изборите или не.

Групата гласачи кои го поддржуваат Путин е регистрирана на 20 декември, а актуелниот шеф на државата на 18 декември поднел документи до ЦИК како независен кандидат.

Претседателските избори во Русија се закажани за 17 март, а гласањето ќе трае три дена, од 15 до 17 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ