сабота, 27 јули 2024

Полни раце работа за пожарникарите денеска, се гасат пожари и од воздух, најкритично е на Серта

Денеска за пожарникарите е работен ден со зголемен ангажман за гаснење на повеќе пожари на отворено, а на одредени места се интервенира и со воздухопловна поддршка за да се спаси квалитетна шума од пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во информацијата се нагласува состојбата на планината Серта каде пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Штип гаснат шумски пожар со помош на хеликоптерите на МВР кои имале околу 20 прелети. Пожарот  во најголем дел е локализиран, освен на едно непристапно место што е обиколено со веќе прегорена вегетациска маса и се мали шансите за понатамошно ширење на пожарот. 

Објавено на

часот

Сподели

„Како превентива, за да не се разгори локализираниот пожар на планината Серта и за следење на состојбата, на терен како дежурни останале два пожарникара со едно ПП возило, а другите пожарникари се повлечени во базата по 16.30 часот. Во случај на повторно разгорување на пожарот, ТППЕ Штип планира во утринските часови да интервенира со 20 пожарникари и 4 до 5 ПП возила на терен.  Во денешната интервенција учествувале 10 пожарникари со 2 ПП моторни возила и двајца вработени во ЈП Национални шуми подрижница Серта од Штип“, велат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Штип ја издвојува информацијата дека по пријавен пожар на депонијата во Штип кај месноста Трештена Скала ТППЕ Штип интервенирала и била на терен и известила дека се работи за недостапен пожар во средината од депонијата и се очекува да догори.

Регионалниот ЦУК Куманово известува дека попладне пожарникарите од  ТППЕ Куманово имале интервенција на терен кај с.Четирце со едно возило и четири пожарникари, каде што гори сува трева и нискостеблеста шума. Противпожарната екипа е на терен. Паралелно со таа интервенција пожарникарите од ТППЕ Куманово имаат интервенција кај с.Лопате крај железничката пруга, каде што горела сува трева. Екипата којашто интервенира со едно возило и три пожарникари е уште на терен.
Пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане имале интервенција во атарот на с.Никулјане на месноста Никоњски Пут, со едно возило и пет пожарникари, каде што гори сува трева и ниска шума. Противпожарната екипа е на терен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ