среда, 25 декември 2024

Полјански: Руската војска ќе го уништи сето оружје кое ќе го набави Украина; Лавров: САД и НАТО се директно вклучени во конфликтот

Колку и да набави Украина ново оружје руската војска ќе уништи сè, порача Дмитриј Полјански, заменикот на рускиот амбасадор во Обединетите нации.

Објавено на

часот

Сподели

Полјански се осврна и на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Соединетите Американски Држави.

„Ново вооружување на Украина нема да влијае на исполнувањето на руските цели во специјалната воена операција. Сакам да ги советувам сите западни земји што побрзо да се прашаат до кога ќе ја помагаат Украина, кога има сè помалку Украинци кои веруваат во украинскиот режим“, наведе Полјански.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров уште еднаш истакна дека Соединетите Американски Држави и НАТО се директно вклучени во конфликтот и тоа не само со испраќање оружје, туку и со обука на персонал која се спроведува во Британија, Германија, Италија и во други земји.

Американскиот Конгрес одобри повеќе од 110 милијарди долари за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, но не одобри никакви средства откако републиканците го преземаа Претставничкиот дом од демократите во јануари.

До средината на ноември министерството за одбрана на САД искористило 97 отсто од 62,3 милијарди долари дополнително финансирање на Украина, а Стејт департментот ги искористил сите 4,7 милиони долари средства воена помош за Украина кои му биле доделени, изјави минатата недела директорката на канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа Шаланда Јанг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ