Според американскиот весник, европските лидери ќе ги исполнат барањата на Зеленски само во поглед на снабдувањето на Киев со противвоздушни системи и привлекување инвестиции во воено-индустрискиот комплекс на Украина.
Притоа, најверојатно ќе му биде дадено ветување дека во блиска иднина Украина ќе биде примена во НАТО и дека западните оружени сили „ќе учествуваат во заштитата на Украина од руските проектили“.
Зеленски не би требало да се надева ни на добивање дозвола за извршување напади длабоко во руската територија, како ни на снабдување на Киев со крстосувачки ракети „таурус“ од германско производство.
Претходно весникот Кориере дела сера објави дека Зеленски на својата европска турнеја која ги вклучува Париз, Рим, и Берлин сака да добие гаранции за брз прием на Украина во Европската Унија.
Шефот на комитетот на руската Државна дума за меѓународни работи Леонид Слуцки европската турнеја на Зеленски ја спореди со агонија поради одложувањето на вториот „мировен самит“ и состанокот во форматот Рамштајн.