понеделник, 28 октомври 2024

Политико: Прорускиот блок во срцето на Европа ќе расте следната година

Се предвидува дека „прорускиот“ блок во „срцето на Европа“ ќе продолжи да се шири во 2025 година, бидејќи чешката партија Акција на незадоволни граѓани (АНО) на Андреј Бабиш има сè поголеми шанси да ја однесе победата на парламентарните избори следната година, загрижен е бриселски Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овој портал напоменува дека чешките гласачи „масовно се вртат“ кон АНО, што се гледа во фактот дека опозициската партија на Бабиш однесе убедлива победа во 10 од 13 чешки обласи, што е драстично повеќе од 21 отсто колку што освоија на последните регионални избори во 2020.

Порастот на популарноста на сојузникот на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот словачки колега Роберт Фицо очигледно предизвикува паника во Брисел, па прозападните политичари прибегнуваат на праксата на стандардни инсинуации и обвинување, во обид за дискредитирање на АНО како „екстремна десница“, особено откако Акцијата на незадоволни граѓани се придружува на групата на Орбан Патриоти во Европскиот парламент.

Демантирајќи ги обвинувањата на поранешните либерални членови во изјава за Политико, потпретседателот на АНО Карел Хавличек вели дека тврдењата дека партијата се врти кон екстремната десница се бесмислица.

„АНО секогаш била и останува партија на сите. Остануваме исти. Единственото нешто што се смени е тоа што некои политичари ја изгубија саморефлексијата и престанаа да ја перцепираат стварноста. Мислам дека е легитимно да се има поинакво мислење од раководството на Европската Унија и нема потреба тие луѓе веднаш да се маргинализираат“, вели Хавличек.

Бриселскиот портал наведува дека наводната проруска политика на АНО може да се сфати по тоа што пратениците на оваа партија во ЕП биле или воздржани, или не биле присутни за време на гласањата за резолуциите за долготрајна поддршка на Украина, односно дозволувањето Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади длабоко во руска територија.

Шансите за победа на АНО на претстојните парламентарни избори се поголеми и поради тоа што актуелната влада на премиерот Петр Фијала достигна рекордно низок рејтинг од 24 отсто, што е најлош резултат за некоја чешка влада од 2013 година, наведува Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ