сабота, 21 декември 2024

Политико: По падот на Авдеевка, Западот мора да спречи колапс на Украина

Во моментов главната задача на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во поддршката на Украина е да спречат колапс на оружените сили на Украина, пишува американското издание на Политико, повикувајќи се на одредени конгресмени и партиски функционери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сега планот, како што осум американски пратеници и пет партиски функционери тоа го кажаа или се пожалија во интервјуа, едноставно е да се спречи колапс на украинската војска“, пишува Политико.

Според американскиот медиум, многу западни функционери и пратеници повеќе не  зборуваат на темата за можна победа на Украина и нејзиниот евентуален тајминг. Се наведува дека спречувањето на колапсот на оружените сили на Украина било главното прашање за кое се разговарало на Минхенската безбедносна конференција.

Политико потсетува дека ситуацијата во Украина се комплицира поради проблемите со добивањето американска помош, за што се залага американскиот претседател Џо Бајден. Меѓутоа, американските власти немаат друг начин освен да чекаат Конгресот да одобри нова помош за Киев. Американската потпретседателка Камала Харис истакна дека Вашингтон нема план Б во врска со понатамошната поддршка на Киев.

Украинската војска едвај успева да ги задржи своите позиции во различни насоки на фронтот, а неодамна ја изгуби Авдеевка. Тоа е најголемата утврдена област која украинската војска ја создаваше на оваа насока повеќе од девет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ