петок, 26 јули 2024

Политико: Мрачна слика за Украина, првите линии на војската се пред колапс

Украинската војска би можела да се соочи со колапс на првите линии на фронтот доколку Русија натрупа своја војска за офанзива во одредено подрачје, пишува европското издание на Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот се цитираат високорангирани офицери на украинската војска кои служеле под команда на поранешниот главен командант Валериј Залужни, кои наведуваат дека „борбената слика за украинската војска е мрачна“.

Според нив, постои реален ризик од колапс на првите линии ако руските генерали одлучат некаде да ја фокусираат својата офанзива.

„Со бројчаната супериорност на руската војска и активната употреба на наведувани проектили кои веќе со недели ги разбиваат украинските позиции, Русија веројатно ќе успее да ги пробие позициите на првата линија и да ги уништи во некои делови“, кажале офицерите, кои сакале да останат анонимни.

Тие тврдат дека сега веќе ништо не може да ѝ помогне на Украина, бидејќи не постојат „сериозни технологии“ кои можат да ја надоместат бројчаната надмоќ на руските сили кои веројатно ќе јуришаат на украинските позиции.

„Ние ги немаме тие технологии, а ни Западот ги нема во доволен број’, навел еден од офицерите.

Руското министерство за одбрана соопшти дека руските сили ги зајакнале тактичките позиции на неколку места на првата линија, конкретно во правец на Времевка, јужен Доњецк и Херсон.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во вторник изјави дека украинската војска од почетокот на годината изгубиле повеќе од 80.000 војници и 14.000 парчиња воена опрема, вклучувајќи 1.200 тенкови и оклопни возила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ