сабота, 27 јули 2024

Политико: Израел делумно се повлекува од Газа по налог на САД

Повлекувањето на израелските трупи од Газа укажува дека Тел Авив го слуша Вашингтон, кој долго време бара од Израелците да преминат на воени операции со низок интензитет, пишува Политико.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија минатиот викенд дека од Газа ќе повлечат пет бригади, кои се состојат од илјада војници.

Одлуката на ИДФ да го намали бројот на трупи во палестинската енклава се смета за „сигнал дека Израел конечно почнува да се оддалечува од бомбардирања со големи размери и повеќе тежнее кон целени, хируршки напади на високопозиционираните лидери на Хамас“, а што Вашингтон во повеќе наврати го побарал поради сè поголемиот број убиени палестински цивили, известува Политико, повикувајќи се на неименувани американски функционери.

„Ова што го гледаме е почетокот на транзицијата“, кажал еден извор, додека друг додал дека Вашингтон е „задоволен од промената“, но би сакал тоа да се случи многу порано.

Убиството на заменикот лидер на Хамас Салех ал Арури со дрон во предградие на Бејрут во вторникот би можел да биде „уште еден знак дека Израел е спремен да премине на повеќе хируршки прецизни операции“, кажал еден извор на Политико.

Либанскиот премиер Наџиб Микати го нарече убиството на Арури „ново израелско злосторство чија цел е неизбежно вовлекување на Либан во нова фаза на конфронтација“.

Портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Марк Регев, одби директно да каже дека ИДФ стои зад убиството, напоменувајќи дека „кој и да го извршил овој напад, дејствувал хируршки и целел на метата на Хамас бидејќи Израел е во војна“.

Кон средината на декември американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан напомена дека Вашингтон во повеќе наврати го повикал Израел својата воена операција во Газа да ја претвори во „хируршка, фокусирана, целена кампања со понизок интензитет“.

Тој додаде дека за лидерите на Хамас нема да има засолниште во таа фаза бидејќи Израел има право да ги цели оние кои ги планирале и спровеле нападите на 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ