сабота, 21 декември 2024

Политико: И покрај санкциите, Чешка значително профитира од руската нафта

Чешка, еден од најактивните сојузници на Украина, им овозможила на своите рафинерии да заработат преку милијарда евра дополнителен профит благодарение на снижените цени на руското гориво, иако алтернативи се одамна достапни, покажува ново истражување во кое имал увид Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот објавен од аналитичарите на Центарот за проучување на демократијата и Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух се тврди дека „Чешка потрошила повеќе од 7 милијарди евра на руски нафта и гас, односно пет пати повеќе од 1,29 милијарди евра колку што ѝ обезбедила како помош на Украина“.

Една компанија особено, полската фирма Орлен унипетрол, имала голема корист од спорниот ангажман. Истражувањето покажало дека руското гориво, кое во просек било 21 отсто поевтино од алтернативната азербејџанска нафта во 2023 година, овозможило да се остварат големи приходи – дополнителни 1,2 милијарди евра, кои државата за возврат ги оданочила.

Наместо да ја намалат зависноста од руските енергенси, истакнува бриселскиот портал, земјите од централна Европа како Чешка и Унгарија всушност го зголемиле увозот на нафта од Русија.

Државите од централна Европа кои немаат излез на море добија од Брисел изземање од забраната за руската нафта додека не најдат алтернативи. Иако алтернативи сега има, оценува Политико, тие земји всушност сè повеќе ја купуваат поевтината руска нафта. Поевтината нафта од Русија потоа може да се рафинира и продава како бензин, дизел и гориво за млазни авиони за поголем профит и не подлежи на санкциите.

„Повторно и повторно гледаме дека изземањата од санкциите на ЕУ се користат за зголемување на увозот на руските фосилни горива за да се зголемат профитите на компаниите“, вели Лук Викенден, аналитичар на Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух со седиште во Хелсинки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ