четврток, 9 јануари 2025

Политико: Европски министри планираат заедничка посета на САД за да покажат единство

Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Полска планираат заедничка посета на Вашингтон по инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, јавува Политико, повикувајќи се три дипломатски извори од ЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Идејата на министрите е да се покаже европско единство, кажал еден од неименуваните дипломати. Посетата е сè уште во фаза на планирање, а датумот не е одреден.

На германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро, и на шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски би можела при посетата на САД да им се придружи и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, кажале два извори.

Лидерите на ЕУ изразија спремност да соработуваат со администрацијата на Трамп, но се внимателни околу прашањето на трговските тарифи или заканата на Трамп со плановите да го припои Гренланд, автономна територија на Данска, која, како и САД, е членка на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ