петок, 18 октомври 2024

Политичарите на ДУИ се мислат зошто новинарите ги прашувале политички прашања за Мерко

Објавено на

часот

Сподели

Демократската унија за интеграциии (ДУИ) денеска ќе се изјасни во однос на ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД. Министерот за финансии Фатмир Бесими, кој доаѓа од оваа партија, која е дел од владината коалиција, изјави дека од партијата ќе има став и изјава во однос на тоа.

„И таму во однос на тоа во програмата е ветингот и воопшто во земјата ќе имате став од партијата“, рече Бесими.

Тој не сакаше да одговори како тој гледа на оваа ситуција и ставањето на Мерко на црната листа.

„Ме прашувате за политичко и за партиско прашање. Тоа ќе го добиете денеска во текот на денот од партијата“, рече Бесими, кој беше на конференција во МАНУ.

Министерот за образование и наука и висок функционер на ДУИ, Јетон Шаќири вчера истакна дека ДУИ е политичка партија, која секогаш била за ветинг за сите функционери. Тој одговори на новинарско прашање во врска со завчерашното прогласување на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД.

„Ова прашање не е од сферата на образованието. ДУИ како политичка партија секогаш била за ветинг и ДУИ го бара ветингот за сите функционери кои доаѓаат од централно и локално ниво“, рече Шаќири пред почетокот на дебатата за промоцијата на Анализата: Политичко образование во Македонија, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Претседателскиот центар за политичко образование ПЦПО.

Исто како и Бесими и Шаќири информира дека ќе има официјален став од партијата и за политички прашања, а новинарите ги упати да се обратат до партијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ