За струмичанецот МВР вели дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење на мигранти, казниво по чл.418 б ст.4 и кривично дело фалсификување исправа, казниво по чл.378 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.
За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите се сместени во прифатно-транзитниот центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка.