сабота, 27 јули 2024

Полицискиот синдикат обвинува, интересите за тендер ги претвори полицајците во чистачи

Поради битка за тендер во Министерството за внатрешни работи, полициските службеници чистат ѓубре, ВЦ шољи и секој ден да рибаат тоалети… Од 1 октомври за време на своите работни задачи полицајците во работното време добиваат наредби да земат крпи, кофи, метли и џогер и да се погрижат, „колку толку за  хигиената на службените простории по организациските единици насекаде во министерството, реагира Синдикатот на македонската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Имено поради прекинат договор на фирмата за чистење и одржување „Хигиена“ на сите објекти во МВР, додека траат надмудрувањата кој да го земе тендерот, ѓубрето и  нечистотијата станаа нов проблем и нова мака за вработените во МВР. Сега чекаме да се појават и некои заразни болести додека се  мерат силите, односно додека се чека да победи појакиот фаворит.

Бараме од министерот за внатрешни работи итно да се надмине овој сериозен проблем кој е настанат поради битките за профит.

Состојбата е крајно лоша со хигиената и истата станува алармантна бидејќи е доведена во прашање здравствената безбедност на вработените  во МВР.

Да го потсетиме врвното раководство на МВР дека поради тендерски расчистувања и препукувања за финансиски интереси произлегува негрижата за здравјето на работниците. Затоа, прекинете го  создадениот хаос и престанете да го прекршувате Законот за заштита од вознемирување на работното место кој гласи: „забранет е кој било вид на вознемирување на работно место, како и злоупотреба на правата на вознемирување на работно место. Вработените како полициски службеници во своите работни задачи немаат обврска да го чистат ѓубрето и да рибаат тоалети во МВР.

Запрете ги понижувањата и мобингот над вработените, најдете итно решение за хаосот кој е настанат од прекинатото одржување на хигиената  поради борбата за тендер клининг сервис“, реагира Синдикатот на македонската полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ