сабота, 27 јули 2024

Полициски билтен

Објавено на

часот

Сподели

Непознат сторител откако со остар предмет ѝ нанел расеченици на главата на С.С. (52) од Скопје, ѝ ја одзел чантата во која имало 1.200 денари и документи. На С.С. ѝ е дадена лекарска помош во Градската болница.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и за расчистување на случајот.
Полицијата во Куманово, пак, поднесе кривична пријава против Р.А. (36) од Куманово, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Во почетокот на месецов пријавениот набавил 5,4 грама наркотична дрога хероин, а на 5.1.2012 година при извршен преглед кај него се пронајдени две пакувања прашкаста материја.
Полициската од Струга поднесе кривична пријава против О.Ф. (48) од Охрид, лекарка во болницата во Охрид, за сторено кривично дело примање поткуп. На 11 и 12.9.2011 година, пријавената поради извршени медицински услуги, од сопругот на пациентката во два наврати побарала и примила 5.100 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ