Сообраќајната полиција изрече и девет мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, изречени се четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, две мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.