сабота, 27 јули 2024

Полицијата во Канада уби маж кој носел пушка во близина на три училишта (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Полициските службеници одговориле на „пријавата за маж кој носел огнено оружје и имало интеракција меѓу него и полицијата“, наведе Специјалната истражна единица во канадската покраина Онтарио.

„Во одреден момент за време на интеракцијата, двајцата полицајци пукаа во осомничениот. Осомничениот беше прогласен за мртов на местото на настанот“, соопшти полицијата, пренесува Си-ен-ен.

Најмалку четири училишта во областа биле затворени за време на инцидентот додека властите се обидувале да го утврдат статусот на заканата.

Во САД неодамна имаше две масовни престрелки; едната во училиште во Тексас, а другата во супермаркет во Бафало, Њујорк.

„Разбираме колку ова мора да било трауматично за персоналот, учениците и родителите со оглед на двата неодамнешни настани во Соединетите Држави“, рече началникот на полицијата во Торонто, Џејмс Рамер на прес-конференција. Тој додаде дека разбира оти жителите биле загрижени бидејќи вооружен поединец се движел во близина на училиштата.

Глобал Торонто наведува дека се работи за осомничен во раните дваесетти години и дека носел пушка во близина на училиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ