„На 31 март 2023 околу 08.02 часот во казино на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, Џ.С. со пиштол пукал во Н.А.(46) од село Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите“, соопштија од МВР.
Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, по преземени мерки и активности, како и врз основа на извршените вештачења, утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело, а обезбедено е и огненото оружје со кое Џ.С. го извршил кривичното дело.