сабота, 27 јули 2024

Полицијата презадоволна од однесувањето на навивачите

Објавено на

часот

Сподели

„Публиката е сјајна, како и играчите“, рекол портпаролот на нашето МВР, Иво Котевски, за белградска „Политика“.

Во оцената и на неколкуте полицајци што беа со нашите навивачи во Белград, претходно и во Ниш, исто така стои – горди сме со сонародниците.

„Горд сум со сонародниците. Знаат да покажат темперамент по кој сме познати, а вистинското место за тоа беше Арена“, рече началникот на полицијата во Скопје, Саша Симески.

И белграѓани се импресионирани од „навивачката култура“ на Македонците, искажувајќи импресии и за однесувањето и за желбата да се биде со своите играчи, што не беше случај со домашните фанови. Српските медиуми се полни со слики и репортажи за навивачите, почнувајќи од првата инвазија на Ниш во почетокот на ЕП, па сè до денеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ