петок, 13 декември 2024

Полицијата најде куршуми во стан на Александар Верушевски

Објавено на

часот

Сподели

Во стан во Струга во кој престојувал Александар Верушевски, син на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, полицијата пронашла куршуми, непозната прашкаста материја и таблети. При претресот во станот на улицата Димитар Влахов вчера помеѓу 12.50 и 16 часот биле пронајдени и одземени 18 куршуми калибар 7,65мм, три куршуми калибар 6,35 мм , едно шише со непозната прашкаста материја со натпис „кетонал“ и кутија со 484 таблети, соопшти МВР.

Одземените предмети ќе бидат доставени во надлежните служби во МВР на вештачење, а против Верушевски ќе биде поднесена пријава. Младиот Верушевски пред неколку години беше осуден на две години затвор за изнуда, односно поради чување пиштол, за кој немал дозвола.

Бранко Црвенковски, кога беше претседател во 2007 година, го помилува Александар Верушевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ