сабота, 27 јули 2024

Полицијата на Косово и Еулекс во Звечан нашле вреќи со песок

Полицијата на Косово во соработка со мисијата на Европската Унија за владеење на правото (Еулекс) извршила претрес на објект во центарот на Звечан, општина со српско мнозинство на северот на Косово, каде биле најдени вреќи со песок.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Заменик директорот на полицијата на Косово за регионот север Ветон Ељшани кажа дека овој објект во Звечан го користеле организациите Цивилна заштита и Северна бригада.

Овие две организации косовската влада на крајот на јуни 2023 година ги прогласи за терористички.

„Ова е доказ дека криминалните групи биле вооружени и дека планирале напад на косовската полиција во случај на обид да се отстранат барикадите“, кажа Ељшани.

Тој наведе дека „материјални предмети“ биле најдени во објектот, користени на барикадите на северот, но не прецизираше кога.

„Денес, за време на полициската проверка, утврдено е дека во оваа зграда има десетина вреќи со песок, користени за ровови при напади на полицијата, одбрана на барикадите и контрола на магистралниот пат кој води кон Звечан“, кажа Ељшани.

Србите на северот на Косово во неколку наврати креваа барикади за да се спротивстават на контроверзни одлуки на косовските власти. Последните барикади беа поставени на 10 декември 2022 година, поради апсењето на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ, кој беше обвинет за напад на службеници на косовската изборна комисија.

Барикадите беа отстранети кога на Пантиќ му беше одреден домашен притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ