сабота, 27 јули 2024

Полицијата казни 723 несовесни возачи

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 723 возачи.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на МВР, од 723, 42 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 423 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 300 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ