сабота, 26 октомври 2024

Полицијата казни 278 возачи, возеле побрзо од дозволеното

Објавено на

часот

Сподели

„Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 152 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 126 надвор од населено место“, информираат од МВР.

Во Скопје изречени се 271 мерка во контроли во областа на сообраќајот, а 69 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). 

Шеснаесет од санкциите се за користење мобилен телефон при возење, 13 за возење без возачка дозвола, осум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за некористење на сигурносен појас…

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ