„Од 164-те казнети возачи, четворица возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа со 97 возила била пречекорена брзината во населено место, а со 67 надвор од населено место“, велат од МВР.
На територија на Скопје изречени се вкупно 214 казни, покрај 66 за брзо возење, изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, 37 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири санкции за некористење сигурносен појас…
Исто така, низ државата била спроведена и контрола на почитување на сообраќајните правила од страна на пешаците при што биле санкционирани 177 пешаци од кои, 156 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
Од МВР апелираат да не се прекорачува дозволената брзина на возење, брзината да се прилагоди и на условите на патот, а сите учесници во сообраќајот ги предупредува да ги почитуваат сообраќајните знаци и правила.