сабота, 27 јули 2024

Полицијата бараше и надје дрога кај посетители на музичкиот фестивал во Дојран

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презедоа засилени мерки за време на одржувањето на музичка манифестација во Стар Дојран, со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога. Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои 1 грчки државјанин, кај кои при преглед била пронајдена разновидна дрога“, информираат денеска од МВР.

За случаите бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

„Овие зајакнати контроли, покрај соодветно санкционирање на овој тип кривични дела, имаат за цел и превенирање на недозволената продажба и употреба на наркотични средства меѓу младите, како најчести посетители на ваков тип музички манифестации“, се нагласува во денешното соопштение од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ