петок, 1 март 2024

Полиција ќе ја чува зградата на М-НАВ, четворица во станица по нападот врз вработените

Во полициска станица се четири лица инволвирани во нападот врз вработени во М-НАВ, кој беше пријавен денеска и со нив се вршат службени разговори, по што во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од Министерството за внатрешни работи,

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму дополнуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица и дека во наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ.

МВР претходно информираше дека лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавен ред и мир.

Денеска (04.01.2024) околу 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За нападот првично објави претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, кој на својот фејсбук профил соопшти дека во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање.

Нападот се случи по денешната прес-конференција на Тасевски  во која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува од денеска да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, образложувајќи дека оставките се за поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

Тасевски на прес-конференцијата рече и дека вчера телефонски бил повикан во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи и му била презентирна пријава од страна на двајца од тројцата директори во М-НАВ, Фахрудин Хамиди и Фасим Деари. Тие поднеле кривична пријава против него, како што рече, врз база на доставена електронска порака поради „наводно чувствување загрозеност на нивната животна сигурност“ по член 144 став два од Кривичниот законик.

Во меѓувреме од Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) се очекува одлука за штрајк како мерка додека не се реши случајот во кој беа нападнати контролори на летање вработени во М-НАВ.

„Доцна вечерва ќе се одржи состанок каде што не се исклучува можноста за затворање на комплетен воздушен простор сѐ додека не се казнат сторителите на денешниот настан. Бидејќи пред сѐ мора го заштитиме секој наш контролор за летање како колега, секој вработен во оваа фирма, како и патниците кои прелетуваат, рече Тасевски“, во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Владината прес-служба вечерва, исто така, информираше дека на следната седница закажана за во вторник, 9 јануари, ќе донесе одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ