четврток, 16 јануари 2025

Полицајците си ги бараат парите за прекувремена работа

Објавено на

часот

Сподели

Во МВР има вработено околу 11.500 вработени, а во последните пет години од страна на вработените против Министерството се покренати преку 16.000 судски постапки.

„Ова е така затоа што Министерството останало глуво со години на барањата на Независниот синдикат на полицијата, и понатаму не ја исплаќа хранарината за работата ноќе, не ја исплаќа минималната плата, прави погрешна пресметка во прекувремените часови, не уплаќа колективно здравствено осигурување што има обврска да го уплаќа…“, изјави Мартин Ефремов на денешната прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата.

Според него, втор суштински проблем во МВР што повторно се провлекува е проблемот со распоредувањето и унапредувањето на кадрите во МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ