петок, 18 октомври 2024

Полицајци од пасошко фалсификувале исправи за Косовци

Објавено на

часот

Сподели


Уапсени се и тројца Косовци што требало да станат сопственици на фалсификуваните македонски патни документи.

Според МВР, биле уапсени лицата Б.О. (29), П.Б. (31), С.Б. (37), сите од Косово и пријавени за фалсификување исправа и за употреба на фалсификувана исправа, С.С. (49), М.Н. (29), двајцата вработени во пасошко и пријавени за злоупотреба на службената положба и овластување, како и О.Ш. (31), која исто така работела во пасошкото одделение, а осомничена е за помагање.

МВР соопшти дека во текот на јануари годинава, првопријавениот и второпријавениот, државјани на Косово, со намера да стекнат македонски патни исправи во договор со третопријавениот за одреден паричен надоместок, се договориле тој да ја среди документацијата за вадење патни исправи, при што четвртопријавениот му дал лични податоци за две лица на чие име ќе гласат патните исправи.

Петтопријавениот злоупотребувајќи ја својата службена положба како вработен во управните служби ја започнал процедурата за вадење на патните исправи со посредување на шестопријавената.

Во целата постапка биле обезбедени фалсификувани косовски лични карти со фотографии на државјаните на Косово, со лични податоци од лица македонски државјани по потекло од Гора, Косово, а кои во системот на МВР на Македонија не се евидентирани со издадени биометриски патни исправи и изводи од матичната книга на родените.

Истите податоци ги обезбедил четвртопријавениот, кој како вработен во МВР имал пристап во електронскиот систем на МВР, за што од третопријавениот примил паричен надоместок од 2.000 евра.

На 17-ти месецов прво- и второпријавените закажале фотографирање. Откако ја добиле подготвената документација во просториите на МВР, се сретнале со шестопријавената, вработена во повикувачкиот центар за закажување на термините за лични документи, која ги однела во кабината кај петтопријавениот, кој почнал постапка за вадење патните исправи.

Уапсените и доказниот материјал му се предадени на истражен судија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ