Полициски патроли и возила, има кај кафаните во Дебар маало, на плоштадот Македонија, околу трговските центри, но и во нив.
Од полицијата велат дека овие патроли се распоредени превентивно во пресрет на празниците, кога сите одат во шопинг, но и се одржуваат предновогодишните прослави, за да се спречат кражби, тепачки или други инциденти.