Пријавениот на 16 април од оштетениот А.Ѓ. побарал и примил пари за да не изврши службено дејство кое морал да го изврши, односно му овозможил да ја помине границата без валиден негативен ПЦР тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Македонија.
Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, соопшти МВР.