петок, 17 јануари 2025
Во Центарот за обука на МВР во Идризово

Полициските кандидати вежбаа како да реагираат при природна непогода

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, присуствуваше на симулациска вежба со кандидатите за полициски службеници, за одговор на полицијата по случена природна непогода – земјотрес и нарушување на ЈРМ од поголем обем.

Објавено на

часот

Сподели

„Вежбата се организира во рамките на теренско тактичката обука на кандидатите за време на последната работна недела на кандидатите од генерација 2024/2025. За симулациската вежба беше подготвено сценарио за прикажување на одговор на настаната ситуација од земјотрес. Целта на вежбата е да се претстават вештините на кандидатите за полицаец во делот на обезбедување прв одговор во случај на природна непогода и тоа преку обезбедување помош и поддршка на населението, обезбедување лице место и спасување на настрадани како и одговор на полицијата при нарушен Јавен ред и мир од поголем обем“, изјави Тошковски.

Во спроведувањето на вежбата активно се вклучија: Црвен крст, Единицата за брзо распоредување, Единицата за службени кучиња и граничната полиција.

Тошковски истакна дека со таквите практични вежби се симулира реалност во која идните полициски службеници ќе можат да ја демонстрираат својата подготвеност за работа во сложена безбедносна состојба и е можност за унапредување на соработката и координацијата со Црвениот крст која е од суштинско значење во вакви реални ситуации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ