понеделник, 16 декември 2024

Полициски претреси во домовите на Артан Груби и Прпарим Бајрами – не се најдени дома

Утрово е извршен полициски претрес во повеќе домови во Скопје, во рамките на акцијата а борба против мафијашките кланови, како и поради сомнежи за организиран криминал во Државната Лотарија.

Објавено на

часот

Сподели

Извршен е претрес во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, но тој не е пронајден. Од вчера во јавноста има шпекулации дека Груби е пребеган во Косово. Тој се огласи на социјалните мрежи дека бил во приватна посета во Косово и дека ќе се врати, „веднаш штом ќе заврши со обврските. .

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување“,  пишува Груби во објавата.

Извршен е претрес и во домот на поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами, кој исто така не бил во домот. За него постојат сомневања дека е пребеган уште пред неколку месеци во Косово. Неговите домашни дале ветување при претресот дека ќе се врати. Во неговиот дом пронајдена е поголема количина пари во готовина, повеќе од 50 илјади франци.

Во ноќешната акција против мафијашките кланови, уапсени се околу 7 лица, кои биле припадници на кланови во Дуќанџик и Арачиново. Во акцијата се пронајдени поголема сума пари во готовина и оружје. Има индиции за уште сокриено оруже, за кое МВР има траги. Како резултат од оваа опсежна акција би требало да се расветлат барем 4 убиства меѓу клановите, познати во јавноста.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ