четврток, 30 мај 2024

Полициски хеликоптер транспортираше македонски државјанин од Унгарија во Скопје

Oдделот за воздухопловни единици на МВР денеска реализира успешен транспорт на македонски државјанин од Унгарија во Македонија за да му се овозможи навремена медицинска нега.

Објавено на

часот

Сподели

„Имајќи ја предвид потребата да биде брзо пренесен во својата земја поради влошена здравствена состојба за време на неговиот престој во Унгарија, по добиено барање од ЦУК, македонскиот државјанин е преземен со полицискиот хеликоптер бел 412, во содејство со претставници од Министерството за здравство и медицински тим од Градската општа болница ‘8 Септември’ и донесен во Скопје за понатамошна подолготрајна здравствена нега“, соопшти МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ