четврток, 24 октомври 2024

Полициската акција во Струмица и други градови продолжува, под лупа и фирми од семејството Заеви

И денеска продолжи полициската акција започната вчера во која досега беа приведени четири лица за даночно затајување и перење пари, а за што министерот Панче Тошковски оцени дека станува збор за криминал од епски размери. Како што дознава МКД.мк, се вршат претреси на 12 локации во неколку градови.

Објавено на

часот

Сподели

Биле извршени проверки на магацини во кои според документацијата требаше да има стока на консигнација со милионска вредност, а тие беа празни, како што дознава МКД.мк од извори во полиција.

Нашите извори велат дека тоа значи дека се работи за сериозни обиди за даночно затајување и обиди за неоснован поврат на ДДВ од државата.

„Голем дел од тој синџир на фирми завршувале со фиктивна продажба на македонските компании на непостоечки косовски државјани. Очигледно е дека во целиот овој организиран криминал се работи за сериозна вмешаност на лица вработени во Управата за јавни приходи. На повеќе лица во оваа предистражна фаза им се изречени само мерка на претпазливост. Се работи за голема операција која во наредните денови ќе се отвори во многу поголеми размери“, брифираат изворите.

Има поврзаност и со криминалот во пропаднатата Еуростандард банка од која голем број на фирми од Струмица земале кредити кои никогаш не ги вратиле.

Се потсетува дека фирма на Вице Заев, како и 29 други струмички фирми блиски до семејството Заеви профитирале со речиси 13 милиони евра од неплаќање кредити кон Еуростандард банка. Се наведуваат фирмата Сара инженеринг на Вице Заев, Глобал Медиа Груп” како и Тритерол, бизнис партнери на Зоран Заев како поранешен градоначалник, кои со месеци наназад не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка.

Овие 29 фирми блиски до Заеви, велат нашите извори, меѓу кои и фирмите кои се во нивен посед, оствариле добивка од Еуростандард банка 12.800.000 евра поради неплаќањето на кредитите, на штета на штедачите кои имале средства во Еуростандард банка.

Инаку, Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера соопшти дека издаде наредби за претреси на домови и други простории на повеќе локации во повеќе градови. Запленета е масивна документација, како и електронски записи кои ќе се анализираат.

Се спомнува дека при акцијата се пронајдени милионски суми на кеш-пари, но и дијаманти, за што се споменува име на струмички бизнисмен, кој наводно е меѓу приедените.

Неколку лица се во бегство и по нив се трага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ