сабота, 27 јули 2024

Полициска началничка ќе одговара затоа што не спровела судска пресуда

Кривична пријава е поднесена против началник на одделение во одделот за дисциплински и судски постапки за несовесно работење во службата, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Н.Ј., началник на одделение во одделот за дисциплински и судски постапки, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, се наведува во соопштението.

Пријавената, како овластено службено лице, несовесно постапила во вршење на своите овластувања на тој начин што не постапила по правосилна пресуда со која на работник требало да му престане работниот однос во Министерството за внатрешни работи, односно пресудата не ја доставила до надлежните служби во Министерството за да биде донесено решение со кое на работникот ќе му биде откажан договорот за работа.

„Пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која се потврдува пресудата на Основен граѓански суд Скопје, со која е одбиено тужбеното барање на вработената, во Министерството за внатрешни работи е примена на 8 март 2022, а на постапување до стручните служби на министерството е доставена на 27 февруари 2024“, се појаснува во соопштението.

Од МВР соопштуваат дека поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Н.Ј. поднело предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изречена е задолжителна мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ