сабота, 5 октомври 2024

Полицијата заплени над 50 килограми марихуана во демирхисарско Сладуево

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар вчера во близина на  село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода Е.Е. од село Калишта, струшко кај кого пронашла над 50 килограми марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, при преглед на патничко моторно возило ауди со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е., биле пронајдени над 50 килограми марихуана.

Осомничениот е приведен во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и истиот е предаден на ОЈО Битола. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ