недела, 23 јуни 2024

Полицијата заплени над 400 метри рибарски мрежи на Дебарско Езеро

Дебарската полиција, по претходна дојава, во текот на ноќта запленила над 400 метри мрежи за лов на крап на Дебарско Езеро, кусо по нејзиното пуштање.

Објавено на

часот

Сподели

„Мрежите биле пуштени во близина на езерскиот брег во атарот на Центар Жупа. Ова навистина е за секаква осуда, зашто ваквите примери ќе ги избркаат и тие малку спортски риболовци кои ловат во тој дел на езерото. Несовесноста е уште поголема кога се знае дека во тек е забрана за риболов на крап и клен, поради мрестот на овој вид риба, која трае до 15 јуни“, рече за МИА, Бени Халити, претседател на спортското риболовно друштво „Трофта“.

Тој ја поздравува акцијата на полицијата, со која, вели имаат одлична соработка, во насока на заштита на рибниот фонд на езерото, кое за жал веќе неколку години е без концесионер.

„Апелирам до сите граѓани и реакреативни риболовци на поголема совесност и во случај да забележан незаконски активности во водите на езерото веднаш да се јават во друштвото или во полиција. Само така ќе можеме д го заштитиме ова нашето бегатство“, посочува Халити.

Акцијата за МИА ја потврдија и од Одделението за внатрешни работи во Дебар, од каде додаваат дека мрежите се откриени кај местото каде има изградено неколку летниковци, дека не се затекнати лица и оти се работи на расветлување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ