сабота, 19 октомври 2024

Полицијата во Скопје во нова акција „Безбеден град“ – приведени пет лица

Во нова акција насловена како „Безбеден град Скопје“, полицијата легитимирала повеќе лица и извршила контрола запирајќи повеќе возила при што се приведени пет лица.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на вчерашниот ден и денеска полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје, при што беа легитимирани 87 лица, а преглед бил извршен на 37 моторни возила.

Лишени од слобода биле пет лица по член 215 од Кривичниот законик и три лица поради недозволено поседување на  оружје. Исто така, лишени од слобода биле две лица по член 396 од Кривичниот законик и едно лице по член 235 и 378. Едно лице било приведено за доиздржување на казна затвор.

Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ