сабота, 27 јули 2024

Полицијата во Индија ослободи гулаб осомничен дека е кинески шпион

Полицијата во Индија ослободи гулаб кој бил во притвор осум месеци поради сомнение дека шпионирал за Кина.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата се сомневала дека гулабот, кој бил фатен во близина на пристаништето Мумбај во мај минатата година, бил вмешан во шпионажа бидејќи имал два прстени на нозете со зборови кои изгледале како кинески, објави Скај њуз.

Полицијата го ослободи гулабот во вторникот и го пушти назад во дивината, објавија индиските медиуми.

Гулабот поминал осум месеци во заробеништво во болница за животни во Мумбаи, пред да биде откриено дека птицата долетала во Индија од Тајван.

Гулабите се користеле за шпионирање низ историјата, а британските сили во Првата и Втората светска војна ги користеле овие птици за пренесување пораки.

Полицијата во Индија и претходно приведувала гулаби.

Во 2020 година во Кашмир бил фатен гулаб на пакистански рибар, а истрагата покажала дека птицата не била наменета за шпионажа, туку едноставно прелетала преку границата меѓу двете земји.

Во 2016 година, индиската полиција приведе уште еден гулаб откако наводно бил пронајден со белешка во која му се заканувало на индискиот премиер Нарендра Моди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ